Двајца Американци демолирале угостителски објект во Скопје

од Nikola Popovski

МВР информира за нарушување на јавниот ред и мир во еден угостителски објект во скопската населба Козле. Според податоците на полицијата, синоќа двајца државјани на САД кршеле во угостителскиот објект и се обиделе да се пресметаат со сопственикот.

Инциденетот бил пријавен околу 2 часот по полниќ, по што полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 30-годишниот Г.Ф. и 27-годишниот Е.Џ.Ш.(27), поради кршење и обид за физичка пресметка во локал на улицата „Миле Поп Јорданов“, а се обиделе и физички да го нападнат сопственикот.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини