Двајца истакнати членови на опозициската ЦХП најавија кандидатури за претседател на Турција

од Vladimir Zorba

Една од водечките луѓе на најголемата турска опозицска формација, Републиканската народна партија (ЦХП), пратеничката Дидем Енгин денеска најави дека ќе се кандидира за функцијата претседател на Турција.

– По два месеци нашата земја ќе се соочи со најважниот избор во историјата. Партијата на власт, која веќе 16 години сама управува со нашата земја, со ненадејната одлука да распише избори и со продолжувањето на вонредната состојба, признава дела и покрај парламентарното мнозинство со кое располага, повеќе не може да управува со државата, изјави Енген на прес-конференција на која ја објави својата претседателска кандидатура.

Таа најави дека „како кандидатка на ЦХП за претседателската функција ќе понуди патокази, кои ќе внеста светлина во тунелот во кој се наоѓа земјата во сферата на економијата, надворешната политика, образованието, земјоделството и технологијата“.

Најавата на Енгин уследи само неколку часа откако потпреседателот на ЦХП, Озтурк Јилмаз најави дека ќе се кандидира за шеф на турската држава, доколку партискиот лидер Кемал Киличдароглу не сака да биде кандидат за претседател на Турција.

ЦХП засега официјално не го објави името на партискиот кандидат за претседател на Турција, ниту пак ги коментираше најавите на Енгин и Јилмаз.

Слични содржини