Двајца млади мажи починале по вакцинација со Модерна

од Берта Китинска

Две лица починале по добивањето на вакцините на компанијата Модерна против ковид-19, кои што подоцна се повлечени по откривањето дека се контаминирани, објави денеска јапонското Министерство за здравство.

Јапонската префектура Окинава објави дека програмата за вакцинација е делумно одложена.

„Ја прекинуваме употребата на вакцините на „Модерна“ бидејќи во некои од нив се забележани туѓи супстанции“, се наведува во соопштението.

Производствените линии во кои била забележана контаминација во саботата во Окинава, се разликуваат од 1,63 милиони дози кои биле суспендирани по двата смртни случаи, наведуваат локалните медиуми.

Министерството за здравство наведува дека 30-годишниот и 38-годишниот маж починале на почетокот на август, откако примиле втора доза „Модерна“. Нивните дози биле извлечени од една од трите серии суспендирани од владата во четвртокот, откако беше утврдена контаминација на неколку шишиња.

Слични содржини