Две деца и 10 возрасни повредени во несреќата во Велес меѓу воз и комбе

од Stefanija Kuzmanovska

Денес околу 12 часот на пругата кај поранешна „Порцеланка“ во Велес се случи сообраќајка, во која нема жртви, но се повредени 12 лица, од кои две деца.

Според МВР сообраќајката била меѓу воз на Маќедонски железници, и комбе, кое превезувало патници.

-Денеска во 12.01 часот во СВР Велес било пријавено дека на железничкиот премин кај фабриката „Порцеланка“ во Велес се случила железничка незгода помеѓу воз на Македонски Железници и такси возило – комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, а управувано од Д.Ј.(52) од Чашка. Во незгодата со повреди се здобиле 10 патници кои биле пренесени во Општа болница Велес за укажување лекарска помош. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, информираат од МВР.

Слични содржини