Две лица ѝ дале 500 евра поткуп на вработена во општина за да им заврши работа

од Nikola Popovski

Денеска (29.03.2023) ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.С.(34) и Ј.С.(60), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека извршиле кривично дело „давање поткуп‘‘, предвиден и казнив по член 358 став 1 од Кривичниот законик.

Двете лица кривичното дело го сториле на 29.12.2022 околу 09.30 часот во Општина Кавадарци, при што на вработена во Одделението за урбанизам, дале поткуп во износ од 500 евра во апоени од по 100 евра, со цел да не изврши службено дејствие кое морала да го изврши – надзор врз градежни работи.

Слични содржини