Две недели во кома, пет месеци во болница: Метју Пери за малку ќе умрел од предозирање

од Stefanija Kuzmanovska

Метју Пери, популарниот Чендлер од култната серија „Пријатели“, се отвори за неговата борба со зависноста од дрога и за тоа како за малку ја избегнал смртта од предозирање пред четири години.

53-годишниот актер ги претстави своите нови мемоари Friends, Lovers, And The Big Terrible Thing во новото интервју за магазинот People, во кое зборува за своите проблеми со дрогата и алкохолот.

Пери во книгата открил дека за малку ќе умрел пред четири години кога му пукнало дебелото црево поради предозирање со дрога.

Тој поминал две недели во кома, а пет месеци во болница.

„Лекарите му кажаа на моето семејство дека шансите да преживеам се околу два отсто. Ме ставија на ECMO машина која ги извршува функциите на белите дробови и срцето. Ретко кој го преживува тоа“, се сеќава Пери.

Ѕвездата на „Пријатели“ искрено проговори и за неговата постојана борба со зависноста, како и за тоа дека 15 пати одел на рехабилитација.

„Сега сум прилично здрав“, заклучи Пери.

Слични содржини