Двојна победа на Дејли Блинд во најтешкиот натпревар во кариерата и „порака“: „Оставете го Ериксен на мира!“

од Stefanija Kuzmanovska

На фаворизираната Холандија не и беше лесно да запише поени против Украина, а на Дејли Блинд му беше уште потешко да го игра тој натпревар.

На крајот, 31-годишниот дефанзивец оствари двојна победа. Тимски 3: 2, индивидуално затоа што се најде во почетната постава на неговата селекција. Тој беше заменет наскоро по водството на „Лалињата“ од 2:0, по што Украинците успеаја да израмнат, но беа разочарани од Дензел Дамфрис на пет минути пред крајот.

Бидејќи Блинд беше заменет во 64 минута од натпреварот, тој можеше да се утеши од фактот дека неговиот тим беше во водство. Тој не можеше да ги сокрие солзите, но не беше тажен поради замената, туку поради огромниот психолошки притисок со кој се соочуваше.

Имено, фудбалерот на Ајакс има инсталирано посебен дефибрилатор од 2019 година поради срцеви мани, што го следи неговото чукање на срцето при изложеност на напор и не му било лесно да игра само еден ден откако неговиот поранешен соиграч се сруши на теренот за време на натпревар.

„Тоа навистина ме потресе. Кристијан е мој пријател, беше ужасна сцена. Имам видено и претходно такви ситуации и не ми е лесно психолошки да ги преболам. Размислував да не играм, се борев со себе затоа што нон-стоп имаше слики во мојата глава од моментот кога тој падна. Не спиев добро, но кога слушнав за неговата порака што ги охрабрува неговите соиграчи да излезат на теренот, решив да играм. И јас сум горд на себе за тоа“, истакна Ериксен по натпреварот.

Тој имаше и порака до јавноста.

„Оставете го Ериксен на мира, не шпекулирајте за неговата иднина. Дајте му време и простор да се одмори“.

Репрезентативецот на Данска преку својот менаџер испрати порака дека се чувствува подобро и дека сака да дознае која е причината поради која се онесвести на теренот во текот на дуелот со Финска.

Слични содржини