Џош Хартнет и неговата девојка Тамзин Егертен ќе стануваат родители.Американскиот актер и британскиот модел се во очекување на своето прво дете заедно.80a808de239ea75f80a333cfc34f9699

Портпаролот на Џош ја потврдил веста за весникот “Њујорк пост” . Тој рекол дека идните родители се исклучително возбудени и среќни.

36-годишниот Хартнет се запозна со Егертон во 2012, а двајцата се состанаа на сетот на филмот “The Lovers”.

Џош има долга листа на познати поранешни љубовници, вклучувајќи ги Џулија Стајлс, Аманда Сејфрид, Скарлет Јохансон, Кирстен Данст и Миша Бартон.

26-годишната Тамзин пак излегувала со актерот од ” Хрониките на Нарнија: Принцот Каспијан “ – Бен Барнс.

Слични содржини