ДЗС: За 7,7 отсто зголемен индексот на цените на угостителските услуги во јули 2023 во однос на истиот месец лани

од Vladimir Zorba

Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2023 во споредба со јуни 2023 година е зголемен за 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

-Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,1 отсто. Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2023 година во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 7,7 проценти, наведува ДЗС.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 12,4 проценти, додека во однос на декември 2022 година е зголемен за 3,2 проценти.

Слични содржини