Единствената земја во која речиси и да нема поскапување: Инфлацијата падна на НЕВЕРОЈАТНИ 0,1 отсто

од Stefanija Kuzmanovska

Годишната стапка на инфлација во Кина во април падна на 0,1 отсто, објави денеска Националното биро за статистика на Кина.

Инфлацијата во март изнесуваше 0,7 отсто, а пазарите предвидуваа априлска стапка на инфлација од 0,4 отсто. Овој резултат е најдобар од февруари 2021 година, кога беше забележана дефлација во Кина.

Во април цените на храната пораснаа најбавно во последните 13 месеци, за 0,4 отсто во однос на ланскиот април, што е значително помалку од мартовската инфлација од 2,4 отсто. Транспортот поевтини, за 3,3 отсто, а трошоците за образование пораснаа за 1,9 отсто.

Априлската инфлација во кинеското здравство изнесува 1,0 отсто. Годишната основна стапка на инфлација во Кина беше 0,7 отсто во април, исто како и во март. Индексот на потрошувачките цени (ИПК) падна на месечна основа трет пат по ред, овој пат за 0,1 отсто во однос на март.

Слични содржини