Едно лице загина во експлозија во воен истражувачки центар во Иран

од Stefanija Kuzmanovska

Во експлозија во ирански истражувачки центар во Парчин, едно лице загина, а друго е повредено. Центарот во Парчин е под јурисдикција на иранското Министерство за одбрана, кое е поврзано со нуклеарната програма.

Во инцидентот загинал инженер кој работел во истражувачки центар поврзан со иранското Министерство за одбрана, објави новинската агенција „Фарс“.

Уште едно лице кое е повредено во инцидентот е префрлено во болница.

Центарот во Парчин се наоѓа на 60 километри југоисточно од Техеран, а во него се сместени неколку индустриски и истражувачки единици, каде што западните безбедносни служби сметаат дека Иран извршил тестови поврзани со детонација на нуклеарни бомби.

Слични содржини