Египет соопшти дека добил „позитивни знаци“ за можно продолжување на примирјето во Газа

од Radmila Tasevska

Египет денеска соопшти дека добил позитивни сигнали од сите страни за евентуално продолжување на прекинот на огнот во Газа за уште еден ден или два.

Дија Рашван, шеф на египетската државна информативна служба, во соопштение рече дека земјата имала долги разговори со сите страни за продолжување на четиридневното примирје. Tоа според нив, „значи ослободување на повеќе заложници од Газа и палестински затвореници во Израел“.

Врз основа на договорот за прекин на огнот, околу 50 израелски заложници, деца, нивните мајки и други жени треба да бидат ослободени за четири дена во замена за ослободување на 150 палестински затвореници од затворите во Израел.

Примирјето стапи на сила вчераутро кога ИДФ (Израелските одбранбени сили) ги прекинаа воените операции насочени кон уништување на исламскиот екстремистички Хамас, кој владее со Газа. Палестинските екстремисти го запреа ракетниот напад врз Израел.

Слични содржини