Египетски фудбалер испрати медицинска опрема во родното село

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах донираше кислород и амбуланта во неговото родно село во египетскиот регион Габриа и помогна во борбата против коронавирусот, пренесува Ројтерс.

Салах ја „прележа“ короната пред два месеци, и се зарази за време на престојот во земјата.

„Во хуманитарната фондација Мохамед Салах имаше 14 шишиња кислород и им помагаме на луѓето во Нагриг (родното село на Салах) и околните села“, рече шефот на хуманитарната организација Хасан Бакр, додавајќи дека тие доставуваат кислород директно до домовите на заразените со велосипед.

Ние исто така помагаме во транспортот на заразените во изолирани болници и има многу важна единица за брза помош, која Салах ја донираше во јули, посочи Бакр.

Слични содржини