Египетски полицаец пукал во израелски туристи во Александрија: Има мртви!

од Vladimir Zorba

Три лица загинаа откако египетски полицаец отвори оган врз израелски туристи, пишува Sky News.

Локалните медиуми јавуваат дека египетски полицаец отворил оган врз израелски туристи во градот Александрија на Средоземното Море.

Убиени се најмалку двајца Израелци и еден Египќанец.

Телевизискиот канал „Екстра њуз“, кој има блиски врски со египетските безбедносни агенции, цитираше неидентификуван безбедносен функционер дека уште едно лице е повредено.

Пукањето се случило во близина на Помпејовата колона во Александрија.

Осомничениот напаѓач е приведен.

Слични содржини