ЕХФ со компромисна одлука: Вардар доби три службени бoдови

од Nikola Popovski

Европската ракометна федерација реши да ги додели службено бодовите од неодиграните натпревари во ЕХФ лигата на шампионите, а од трите дуели на Вардар беа доделени три бода.

„Еден бод нашиот тим доби од дуелот што требаше да го играме со ПСЖ во Франција и плус уште два од гостинскиот дуел со Флензбург.

Третиот меч што остана неодигран беше домашниот дуел со ПСЖ. Тој дуел ЕХФ реши да го регистрира со служен резултат за ПСЖ“, велат од клубот преку соопштение.

Според Вардар Во образложението на ЕХФ се вели дека при носење на одлуките била направена врз база на тоа која била причината за одложувањето на средбите.

„Со оваа одлука на ЕХФ, Вардар сега има девет бода. Ни останува за играње уште дуелот со Мешков Брест во Скопје на 4 март. Потоа ќе се играат осминафиналните средби со ривал од другата група во ЕХФ лигата на шампионите врз основа на тоа на кое место ќе бидат клубовите“, стои во клубското соопштение.

Слични содржини