ЕК: Свесни сме дека „Ванчо Михајлов“ предизвика силни реакции, ги следиме одговорите

од Nikola Popovski

Европската комисија е свесна дека отворањето на бугарскиот клуб во Битола именуван по личност која е перцепирана како високо контроверзна во Северна Македонија, предизвика силни реакции кај граѓаните, велат од ЕК, на прашање на МИА за настаните од саботата во Битола.

Според ЕК, од блиску ги следат настаните, како и одговорите на настаните.

Понатаму Комисијата додава дека „почитувањето на човечкото достоинство, владеењето на правото и почитувањето на човековите права се темелни вредности врз кои е изградена ЕУ“.

Портпаролката на ЕК вчера соопшти дека Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите за почеток на преговори за членство во ЕУ, а следните чекори се во рацете на земјите-членки.

„Продолжуваме да ги охрабруваме Северна Македонија и Бугарија да постигнат взаемно прифатливи решенија за отворање билатерални прашања и се надеваме дека ќе видиме почеток на преговарачкиот процес со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро“, додаде портпаролката.

Слични содржини