Еколошка катастрофа: Товарен брод се преполови крај брегот на Јапонија, истекува нафта

од Stefanija Kuzmanovska

Товарниот брод „Crimson Polaris“, кој плови под знамето на Панама, се насука во средата во близина на пристаништето Хачинохе. По распадот на бродот дојде до истекување на нафтата.

Товарниот брод кој се насукал во североисточна Јапонија, денеска е утврдено дека има сериозни оштетувања и било утврдено дека истекува нафта, изјави крајбрежната стража.

Бродот е преместен и закотвен во близина на брегот, објави новинската агенција „Кјодо“.

Бродот тежок 39.910 тони носеше дрвени чипови кога се заглави во средата наутро во пристаништето Хачинохе, пловејќи под панамското знаме.

Предниот дел на бродот се распаднал, а екипажот најпрво успеа да ја врати контролата врз бродот, кој носел пилевина од Тајланд. За жал, наскоро станало невозможно да се управува со бродот, поради што морнарите го фрлиле сидрото на четири километри од брегот.

Крајбрежната стража додаде дека предниот дел на бродот се распаднал и нафтата почнала да истекува, а целиот екипаж, кој се состои од 21 член, бил спасен.

Слични содржини