Ексдиректорка на дом за стари лица со кривични пријави – Кандидатка за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

од Aleksandar Todeski

Ексдиректорката на прилепскиот дом за стари лица која во 2017 година доби тужба за политички мобинг од страна на четворица вработени, Ирена Стерјоска Локвенец е кандидатка за пратеник на листите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Освен за мобинг, таа доби тужба и за злоупотреба на должност и овластување, како и дека незаконски била избрана за директорка на домот.

Вработените ја обвинија Стеројска Локвенец дека откако на крајот на 2015 година, посотјано ги мобингувала, односно користела погрдни зборови, се заканувала со казни од плата, бркање од работа и за злоупотреби од нејзина страна како тогашна директорка, но и партиски приврзаници. Вработените тогаш посочуваа дека на почетокот на 2016 година се одржувале партиски состаноци во пресрет на Годишното Собрание на Унијата на жени на владејачката партија во Скопје, но и состаноци со инструкции за дел од вработените – членови на ВМРО ДПМНЕ, кои требало да направат списоци со одреден број сигурни гласачи за престојните избори.

Но, ова не е единствената пријава против Стерјоска Локвенец. Прилепскиот Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“ до Основното јавно обвинителство поднесе кривични пријави во 2018 година против поранешниот градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески и против поранешните директори на домот, Ирена Стерјоска Локвенец и Дарко Рибароски, за злоупотреби во работењето на домот, како и против прилепската фирма „Марфил“.

Екс градоначалникот Марјан Ристески и поранешната директорка Ирена Стерјовска Локвенец се сомничат за злоупотреба на службената должност и овластување, бидејќи Стерјовска Локвенец била именувана за директор на оваа установа спротивно на посебните услови од објавениот јавен конкурс.

„Конкретно, според конкурсот, директорот требало да има претходно работно искуство од најмалку четири години, а Стерјовска Локвенец, која дипломирала во април 2013 година, именувана била две и пол години подоцна, односно на 05.11.2015 година. Со тоа Рстески на Стерјоска незаконски ѝ овозможил да биде директор во периодот од ноември 2015 до декември 2017 година“, рече при објавување на случајот директорот на домот, Кристијан Пипличев.

А.Т.

Слични содржини