Родителите не би требало премногу да ги фотографираат своите деца, бидејќи тоа негативно влијае врз нивниот развој, тврдат експертите.
Иако родителите сакаат да ги фотографираат своите деца, експертите советуваат дека не треба да се претерува во тоа, бидејќи е можно децата да почнат да се чувствуваат премногу важни, но и во подоцнежните години да страдаат од недостиг на самокритичност.
– Кога го фотографирате само детето, а не целото семејство, можно е тоа да почне да мисли дека е центарот на светот, тврди американската професорка за семејни студии, Џудит Мајерс Волс.
Таа додаде дека треба да оцениме како детето се однесува кога ќе го фотографираме, а потоа неговите слики ги ставаме на Интернет.
Родителите не би требало целосно да претстанат да ги фотографираат своите деца, но сликите би требало да илустрираат спомени, со цел фокусот на детето да биде на семејството, а не самото тоа.
Алин Морин, професор по психологија од Монт Ројал Универзитетот се осврнува и на другата страна на проблемот, кој може да се случи доколку децата премногу се фотографираат. Таа вели дека како и огледалата, така и фотоапаратите и камерите, може кај детето да предизвикаат чувство на несигурност во сопствениот изглед.
– Кога луѓето се премногу насочени кон самите себеи, стануваат премногу критични кон сопствениот изглед и лошо се чувствуваат, вели Морин.