Експлозија во близина на ПАЛАТАТА НА ПУТИН: Драма на Црното Море, напад со дронови камикази

од Stefanija Kuzmanovska

Дрон камиказа погоди големо складиште за нафта многу блиску до палатата на рускиот претседател Владимир Путин на Црното Море.

На снимката се гледа како џиновски пламен го проголтал нафтениот капацитет на Rosneft, RN-Marine Terminal во градот Туапсе во регионот Краснодар.

Полноќниот удар беше четврти што ги погоди објектите на енергетската инфраструктура во Русија во последните шест дена.

Депото е блиску до палатата на Путин на карпа во Геленџик, вредна милијарди евра, која може да се пофали со подземен бункер и лозје.

Од местото на уништувањето е оддалечена околу 80 километри. Се верува дека палатата е заштитена со современи системи за противвоздушна одбрана.

Нападот го нагласува новиот тренд во војната, бидејќи Украина ги користи своите дронови камикази за да напаѓа во внатрешноста на Русија додека чека нови испораки на оружје од Запад.

Во Туапсе можела да се чуе воздушната одбрана пред експлозијата во нафтената рафинерија во сопственост на Rosneft, втората по големина руска компанија под државна контрола и најголем производител на нафта.

Пламените јазици се прошириле на повеќе од 2.150 метри квадратни од рафинеријата во која има 100 тони бензин и 200 тони нафта.

„Според прелиминарните информации, нема жртви и повредени“, навел на Телеграм Сергеј Бојко, началник на областа Туапсе.

Меѓународниот аеродром во Сочи, кој претседателот често го користи, е затворен поради можна опасност.

Слични содржини