„ЕЛ ДОРАДО“: ОТКРИЕНА ЗЛАТНА ПЛАНИНА, населението откопува со лопати! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Властите во Демократска Република Конго забранија експлоатација на злато во провинцијата Јужен Киву, откако на социјалните мрежи се прошири видео во кое се гледа како стотици локални жители копаат на планина полна со злато.

Кога дознале дека златото е скриено во земјата, локалното население влетало со лопати и мотики. Едно видео ги покажува како го мијат златото што го нашле.

– Видеото од Конго го бележи најголемото изненадување за селаните откако беше откриена целата планина исполнета со злато. Тие ја копаат земјата каде што се наоѓаат наоѓалиштата на злато, а потоа го носат дома и го исплакнуваат“, објави на Твитер хонорарниот новинар Ахмад Алгохбари.

Министерот за рударство, Венант Буруме Мухигирва, подоцна го потврди наоѓалиштето со злато во селото Лухихи,  лоцирано на 50 километри од градот Бакаву.

Министерот рече дека е издаден декрет со кој се забрануваат сите рударски активности во и околу селото и се молат сите да го напуштат вредното место до ново известување.

Слични содржини