„Елементал“ со нов сингл и спот за сништата и патувањата

од desk2

Со албумот „Тело“, групата „Елементал“ ја одбележа годината, а со новиот сингл песната „Сонувам“ која говори за соништата и патувањата и бегство во некои далечни светови, го затвора ова поглавје.

Видеоспотот кој ја следи песната е персонализиран затоа што во него, се појавуваат делови од патувањата на Мирела Приселац Реми.

Во спотот се појавуваат кадри од различни градови и континенти, па „Сонувам“ ќе ве одведе во Цатања, на Етна, во Берлин, Амстердам, Лондон, Лос Анџелес, Санта Круз, Сан Франциско, Сан Луис Обиспо и Париз, но и во далечната Индија.

Бидејќи песната зборува за патувањата „Елементал“ на својата Facebook страница организираа наградна игра каде следбениците можеа да добијат патување по Европа, а фановите ќе добијат и дочек на Нова година, во некој европски град.

„Елементал“ влегува во студио, каде подготвуваат нови песни и албум, со што ќе одбележат 20 години постоење во 2018 година.

Слични содржини