Елтон Џон е бесен на Ватикан поради навреда на хомосексуалците

од Nikola Popovski

Пејачот Елтон Џnон остро го критикуваше Ватикан за неодамнешните изјави за истополови бракови. Својот став го изјави преку Инстаграм, каде доби безброј пораки за поддршка од неговите обожаватели.

Прашината ја крена изјавата на Ватикан дека „Бог не може да го излечи гревот“, што беше поддржано од самиот папа Франциск. Инаку, Џон се венча со неговиот сегашен партнер Дејвид Фунишер во 2014 година, а во 2019 година имаше соработка со Ватикан околу филмот „Rocketman“.

„Како може Ватикан да одбие благослов од хомосексуални бракови ако тие се грев, а во исто време да профитираат од милиони инвестиции во филмот„ Rocketman “, филм што ја слави мојата среќа во бракот со Давид? Лицемерие“, рекол Елтон.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elton John (@eltonjohn)

 

Филмот „Rocketman“ беше премиерно прикажан во мај 2019 година, а првите информации за учеството на Ватикан во финансирањето на овој проект излегоа во декември истата година. Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ наведува дека Ватикан потрошил нешто повеќе од милион евра во производството на филмот, додека Ватикан не се огласи официјално.

Да потсетиме, Елтон Џон и неговиот партнер Дејвид имаат две деца, Закарија и Елајџа. Родени се од истата сурогат мајка, Закарија во декември 2010 година, а Елајџа во јануари 2013 година.

Слични содржини