ЕМА: Се тестира нов лек против ковид-19

од Milan1

Европската агенција за лекови (ЕМА) започна забрзана проверка на оралниот антивирусен лек молнупиравир (Лагеврио) наменет за третман на Ковид-19 кај возрасни.

Третманот го разви американската фармацевтска компанија „Мерик Шарп и Дом“, а проценката на Агенцијата на ЕУ започна по објавените резултати од студиите кои сугерираат дека овој лек може да ја намали способноста на вирусот ковид-19 да се размножува во телото, со што се спречува хоспитализација или смрт.

ЕМА вели дека ќе ја процени усогласеноста на молнупивир со стандардите на ЕУ за ефикасност, безбедност и квалитет.

Се додава дека рокот за објавување во овој момент не може да се предвиди, но дека тие секако ќе бидат пократки во однос на вообичаените процедури.

Во ЕУ се нагласува дека вакцинацијата е најдобриот начин да се стави крај на пандемијата и да се врати нормалниот живот, но дека во исто време треба да се обезбеди достапност на најдобрите лекови против Ковид-19 за лекување на заразените.

По тој повод, Европската комисија денеска објави дека вклучила 10 потенцијални лекови во своето портфолио за лекување на „Ковид-19“ кои треба да ги поминат ЕМА проценките.

Листата вклучува три третмани со антитела и орални лекови, кои се користат во раните фази на инфекција, и четири имуномодулатори за третман на хоспитализирани пациенти.

Слични содржини