Ембид казнет со 15.000 долари поради критикување на судењето

од Vladimir Zorba

Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид е казнет со 15.000 долари поради критикување на судењето по четвртиот натпревар од првото коло на плеј-офот против Торонто, соопшти денеска американската НБА лига.

Ембид го даде својот коментар за судењето пред новинарите по натпреварот во кој Торонто победи со 110:102.

„Ќе ги послушам советите и нема да се жалам“, посочи тој.

И покрај повредата на палецот на десната рака, Ембид на тој меч постигна 21 поен.

Слични содржини