Емили ги објавила фотографиите од снимање на кое фотографот наводно сексуално ја злоставувал

од Stefanija Kuzmanovska

Американската манекенка и актерка Емили Ратајковски (29) пред неколку дена го обвини фотографот Џонатан Ледер за сексуално злоставување кое наводно се случило во 2012 година во неговиот дом во планинскиот регион Катскилс во американската сојузна држава Њујорк.

Ратајковски, како што тврди, била злоставувана за време на неплатено снимање за списанието Дариус.

„Секогаш е забавно да ја видите вашата работа во печатена форма. Џонатан Ледер за списанието Дариус“, напишала манекенката покрај фотографиите што сè уште може да се најдат на нејзиниот профил.

Ратајковски го изнесе обвинението во подолг есеј кој го напиша за магазинот Њујорк, објавен во вторникот. Во него, манекенката тврди дека тогашниот агент ја испратил во домот на Ледер на неплатена снимање за списанието Дариус и дека овој ангажман барал да преспие во домот на агентот.

Манекенката вели дека по пристигнувањето дознала дека ќе моделира долна облека. Сакајќи да се однесува позрело, тогаш 20-годишната Ратајковски го прифатила црвеното вино што Ледер ѝ го понудил во текот на вечерта.

„Научена сум дека е важно да се стекне репутација на добар работник кој не е пребирлив“, напиша Ратајковски. „Никогаш не знаеш со кого ќе работи после тебе“, ми рече агентот.

Манекенката тврди дека Ледер по снимањето во долна облека и рекол: „Ајде да пробаме сега без облека“.

„Истата секунда откако се соблеков, дел од мене се исклучи“, пишува Ратајковски. „Почнав да лебдам надвор од себе, гледав како се враќам на кревет. Го извив грбот и ги стиснав усните. Се концентрирав на идејата како би можела да изгледам. Блицот на фотоапаратот беше толку силен, а јас имав испиено толку многу вино што црните дамки пред моите очи почнаа да се зголемуваат“.

Подоцна, кога мајсторот за шминкање кој работеше на снимањето отиде да спие, Ратајковски вели дека се чувствувала како да е целосно будна, но „многу, многу пијана“. Таа напишала дека таа и Ледер се покриле со ќебе на каучот и дека фотографот започнал да ја испрашува за момците со кои бил во врска.

„Повеќето од она што следеше, го паметам низ магла. Јасно ми е само тоа чувство. Не се сеќавам дека се бакнувавме, но се сеќавам дека неговите прсти одеднаш беа во мене. Поцврсто и поцврсто, туркајќи ги и туркајќи ги како никој претходно и никој после него. Навистина ме болеше. Инстинктивно го зграпчив неговиот зглоб и со сила го извадив од мене. Не реков ништо. Тој стана и тивко се повлече на горниот кат“.

Манекенката напиша дека преспала во домот на Ледер и дека следниот ден се вратила дома со воз.

Кога репортерите на списанието Њујорк го повикале Ледер за да ги проверат информациите што Ратајковски ги изнела во есејот, тој рекол дека нејзините обвинувања се „премногу ефтини и детски“ за да одговори на истите. Потоа додал: „Дали сте свесни за кого зборуваме? Тоа е девојката која беше гола во списанието Treats и која скокаше гола во спотот за песната Blurred Lines од Робин Тик. Дали навистина сакате некој да верува дека таа била жртва?“.

Слични содржини