Емина Јаховиќ за нејзиниот поранешен сопруг: „Мустафа не плаќа алиментација повеќе од 2 години“

од Vladimir Zorba

Пејачката Емина Јаховиќ проговори за врската со нејзиниот поранешен сопруг, турскиот пејач Мустафа Сандал и по тој повод откри дека тој не ги исполнува своите обврски кон нивните синови.

Имено, Емина тврди дека Мустафа, од кого се разведе во 2018 година, веќе две години не плаќа алиментација за нивните синови Јаман и Јавуз.

– Мустафа не плаќа алиментација за нашите синови Јаман и Јавуз повеќе од две години. Сите обврски преминаа на мене – рече Емина и додаде дека Сандал не го почитувал договорот што го имале.

– Требаше да купи куќа во Белград, но не го стори тоа. Имавме и договор за покривање на детското здравствено осигурување. Денот кога се чувствував најлошо беше кога ги однесов децата на лекар и дознав дека не им е платено здравствено осигурување – раскажала пејачката за „Стори“.

Емина посочи дека бидејќи тие се нивни деца, тие двајца имаат должност да се борат заедно за нив и дека Мустафа треба да им објасни на своите синови зошто тоа не е така.

– Ако тој навистина не сака да ги исполни своите обврски, и покрај фактот дека може да си го дозволи тоа, мислам дека треба да им ги објасни своите причини на своите деца, а не на мене. Ако заедно донесовме деца на овој свет, наша должност е да се грижиме и за нив заедно – заклучи Емина.

Да потсетиме, Емина неодамна го прослави роденденот на својот син Јавуз, а барем според она што можеше да се види на фотографиите и сликите на социјалните мрежи, Мустафа не присуствуваше на семејниот собир.

Слични содржини