Емотивен поздрав на Шек до Коби: Ги гушкав неговите деца како да се мои и тој ги прегрнуваше моите како да се негови

од Nikola Popovski

Не постојат зборови за да се изрази болката низ која поминувам поради оваа трагедија во која ги избубив мојата внука Џиџи и мојот брат Коби Брајант, напиша синоќа Шекил О’Нил во емотивниот поздрав на „Твитер“ до неговиот колега и пријател.

-Ве сакам, ќе недостигате. Сочувство до семејството Брајант и фамилиите на останатите патници на летот. Не ми е добро, напиша Шек.

Коби беше многу повеќе од спортист, продолжи O’Нил, тој беше семеен човек.

Најмногу тоа ни беше заедничко. Јас ги гушкав неговите деца како да се мои и тој ги прегрнуваше моите како да се негови. Неговата ќеркичка Џиџи беше родена на истиот ден како мојата најмлада ќерка Мираја, напиша тој.

Слични содржини