Енди Мареј против отстранувањето на Русите и Белорусите од „Вимблдон“

од Vladimir Zorba

Поранешниот светски рекет број еден, Енди Мареј изјави дека не ја поддржува одлуката за забрана на руски и белоруски спортисти да учествуваат на Гренд слем турнирот Вимблдон, но додаде дека нема правилен одговор на ситуацијата.

Раководството соопшти дека нема друга алтернатива за турнирот кој започнува на 27 јуни. Според информациите, владата на земјата домаќин поставила како услов шефовите на турнирот да побараат писмена потврда за неутралноста на тенисерите доколку сакаат да учествуваат.

Мареј, кој рече дека ќе ги донира сите парични награди што ги заработил во текот на сезоната за добротворна работа во Украина, рече дека владините насоки не помогнале.

„Не го поддржувам фактот дека на тенисерите им се забранува настап. Колку што разбрав, инструкциите од владата беа Русите и Белорусите да играат само ако потпишат декларација дека се против војната и режимот во Русија. Не сум сигурен колку би се чувствувал удобно ако нешто им се случи на тенисерите или нивните семејства. Мислам дека нема правилен одговор“, изјави 34-годишниот Енди Мареј за Sky Sports.

„Разговарав со некои од руските тенисери, како и со оние од Украина. Се чувствувам лошо за играчите кои не можат да учествуваат и разбирам дека тоа им изгледа неправедно. Но, познавам и луѓе кои работат за Вимблдон и знам во колку тешка ситуација се. Сочувствувам со сите и не ја поддржувам едната или другата страна“, додаде британскиот тенисер.

Слични содржини