Полека се стабилизира состојбата со ковид 19 во земјава.Се намалува бројот на тестирања.
Вчера од направени 1049 тестирања, беа регистрирани се 166 нови случаи , а починаа 10 лица. Воедно и бројот на активни случаи се намалува вкупен број изнесуваше 16704 од кои 10231 се во Скопје, а завчера – 16964 од кои 10322 од Скопје.
СЗО најавува вакцини за Западен Балкан
Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге денеска порача дека земјите од Западен Балкан ќе добијат вакцини рамномерно.
„Политиката на СЗО е таква што гледаме вакцините да се дистрибуираат рамномерно и праведно насекаде, така што сите земји од Западен Балкан ќе ја добијат вакцината, како и Србија“, рече Клуге на редовната прес-конференција за коронавирусот.
Според најавите вкацината Фајзер пристигнува во февруари.
„Вакцинирањето е сериозен и проверен процес. Вакцините се развиени на безбедни и проверени платформи на кои што досега се развиваа и сите други вакцини. Една вакцина која ќе ја помине процедурата на одобрување од европкасата и американската агенција за лекови, како на пример вакцината на Фајзер, е со сигурност безбедна вакцина затоа што проверките, критериумите и условите на овие две агенции се многу строги“, посочи министерот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85494, бројката на оздравени пациенти е 66209, на починати е 2581, а бројот на активни случаи изнесува 16704.