Ердоган: Нема да застанеме додека Палестинците не добијат слобода и независна држава

Нема да застанеме додека Палестинците не ги вратат својата слобода, нивните окупирани територии и додека не добијат независна држава со главен град во Источен Ерусалим., истакна тој

од Бети Божиноска

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Турција прави интензивни напори да го зголеми притисокот врз Израел да ја спроведе резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Појасот Газа, пренесува „Анадолија“.

„Вчера го испративме осмиот хуманитарен брод во Египет со 125.000 пакети со храна кои треба да бидат доставени во Појасот Газа. Правиме се што можеме, онолку колку што ни дозволуваат средствата, за да не оставиме никого без потребните работи“, рече тој.

Ердоган додаде дека Турција ќе продолжи да им помага на Палестинците.

„Нема да застанеме додека Палестинците не ги вратат својата слобода, нивните окупирани територии и додека не добијат независна држава со главен град во Источен Ерусалим. Турција се обидува да го помине тестот во Газа, како што го помина тестот за Сирија, тестот за Сомалија, тестот за Карабах со успех“, рече тој.

Слични содржини