ЕСА дава 86 мил. eвра за враќање на отпадот од вселената

од Vladimir Zorba

Европската вселенска агенција (ЕСА) објави дека ќе потпише договор вреден 86 милиони евра со швајцарската стартап компанија, за враќање на голем дел од таканаречениот вселенски отпад на Земјата од нејзината орбита.

ЕСА изјави дека договорот со компанијата „ClearSpace SA“ ќе доведе до „првата активна мисија за отстранување на отпадот“ во 2025 година, кога специјално направено летало ќе фати и ќе донесе на Земјата дел од ракетата што некогаш се користеше за испраќање сателити во орбитата.

Експертите веќе подолго време предупредуваат дека стотици илјади парчиња вселенски отпад кружат околу Земјата, вклучувајќи го и изгубеното огледало на астронаут и дека тие претставуваат закана за функционирањето на сателитите, па дури и на Меѓународната вселенска станица.

Неколку тимови работат на начини за решавање на овој проблем.

Објектот што се отстранува од Земјината орбита е таканаречениот адаптер Веспа, кој се користеше како носач на сателит во 2013 година. Тежок е околу 112 кг.

Слични содржини