Ешли Греам покажа како вистински изгледаат бремените жени (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Минатата недела, моделот Ешли Греам преку видео на Инстаграм објави дека таа и нејзиниот сопруг Џастин Ервин го очекуваат своето прво дете. Но, сега бремената Ешли реши да покаже како изгледаат повеќето бремени жени, имено, со доста стрии.

Покрај фотографијата, Греам напиша „Исто, но малку поразлично“. Коментарите не задоцнија, а некои познати личности, како манекенката Лили Олдриџ и актерката Ниси Неш, веднаш го одобрија постот на Ешли. Други обожаватели на моделот напишаа „Благодарам за тоа“ затоа што нејзиниот пост им дал „самодоверба и смиреност“ за начинот на кој изгледаат нивните тела.

Еден коментар вели дека така изгледаат вистинските жени, додека друг додава дека тоа дава самодоверба „да ја натера да се чувствува убаво, иако има целулит и стрии на телото“.

Во 2017 година, друга славна личност – Кортни Кардашијан, исто така објави фотографија од себе на Инстаграм на која се гледа дека има стрии на телото и напиша до неа: „Вежбам. Давам се од себе за да јадам добро. Ја сакам кожата во која се наоѓам. И не се срамам од малку стрии и целулит. И вие не треба да се срамите“.

Слични содржини