Ештон Качер: 10 години одев на терапија против ќелавост

од Vladimir Zorba

Актерот Ештон Качер призна дека бил на терапија против ќелавост веќе 10 години, но веќе запрел, објави Контакт мјузик.

40-годишниот сопруг на Мила Кунис почнал да се грижи дека ќе биде ќелав на возраст од 25 години, но престанал со третманот пред пет години и веќе ја прифаќа својата „разретчена“ коса.

„Всушност, се навикнувам на ова. Во ред сум. Веќе имам деца“, рече тој.

Ештон Качер и Мила Кунис имаат две деца.

Слични содржини