Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска изјави дека САД ќе ги признаат резултатите од изборите во четири општини на Косово, иако Србите ќе ги бојкотираат, и ги повика Србите да се вратат во институциите во Приштина.
На прашањето дали локалните избори на северот на Косово ќе бидат легитимни доколку ги бојкотираат Србите, Ескобар рече дека тоа што некои политички партии ги бојкотираат изборите не ги одредува резултатите од изборите и рече дека САД во секој случај ќе ги признае резултатите од изборите.
„Апелирав до Србите да учествуваат на изборите. Разбираме многу работи за кои сметаат дека се проблематични, но дефинитивно треба да учествуваат. Ако не учествуваат, не значи дека не ги поддржуваме изборите. Владата на Косово има уставна обврска. Ќе има избори и ќе ги признаеме резултатите и се надеваме дека Србите во одреден момент ќе се вратат“, рече Ескобар.