ЕСМ: РЕК Осломеј е во функција и произведува електрична енергија

од Vladimir Zorba

РЕК Осломеј од утрово е повторно на мрежа. Термоелектраната е во функција и произведува електрична енергија, информираат од АД ЕСМ.

„Во моментов, сите функционални капацитети на АД ЕСМ се во погон и испорачуваат електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем.

Стручни лица од производителот од Турција, се во РЕК Битола и заедно со вработени во комбинатот интензивно работат на монтажа на трансформаторот на Блок 3“ се вели во соопштението на компанијата.

Производената електрична енергија во АД ЕСМ целосно ги задоволува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Слични содржини