Ева Лонгорија ја откри вистинската љубов со третиот сопруг, а сега чекаат дете

од desk2

По два пропаднати бракови, актерката и продуцентка Ева Лонгорија ја пронашла својата среќа со бизнисменот Хозе Антонио “Пепе” Бастон која го запознала во 2013 година.

Три години подоцна, Хозе клекнал пред својата сакана во пустина во Дубаи, а наскоро пристигнува и нивното прво дете како круна на нивната љубов.

42-годишната актерка сама ги покренала гласините на Инстаграм со фотографија на која позира во розов сатенски фустан, под која напишала: “Тој е причината поради која блескам”. Иако тие зборови би можеле да се однесуваат на фотографот или сопругот, обожавателите веднаш почнале да нагодуваат дека Ева очекува син.

Како што пренесува списанието “People”, неколку часа пред објавата, извор близок до Ева ги потврдил среќните вести и открил дека убавата латино ѕвезда е веќе во четвртиот месец од бременоста.

Само за потсетување, Ева беше во брак од 2002 до 2004 година со актерот Тајлер Кристофер, а во 2007 година се венчала за НБА кошаркарот Тони Паркер, од кој се разведе во 2010 година.

Иако како причина таа ги навела “неиздржливите разлики”, наводно причина за крај на бракот биле неговите бројни прељуби кои латино заводничката не можела повеќе да ги трпи. Една од неговите љубовници била и сопругата на неговиот соиграч Брент Бери.

Затоа за Ева, Хозе е навистина “трета среќа” – честитки за среќниот пар!

Слични содржини