Еве зошто мораме да бидеме сериозни на фотографиите од пасошот

од Radmila Tasevska

Зошто не можете да се насмеете од уво до уво? Па, има многу добра причина за тоа

Дали некогаш сте се запрашале зошто секогаш мора да изгледате сериозно на фотографијата од пасошот? Зошто не можете да се насмеете од уво до уво? Па, има многу добра причина за тоа.

Во Франција пред извесно време, една од најчестите шеги беше репликата „Ние сме Французи, не се смееме“. Ова е резултатот на судиската одлука во која јасно стои дека не смеете да се насмевнете кога се сликате за лични карти и пасоши.

Во тој момент, многу Французи се сетија на Британците, на кои им се смееја кога ја донесоа истата одлука пред повеќе од 10 години.

Зошто ваква одлука и зошто во голем број земји не е дозволено насмевка при фотографирање за документи? Одговорот е – од безбедносни причини, пишува punkufer.hr.

Имено, вашиот пасош има чип кој содржи биометриски податоци за вас добиени од фотографија. При изработка на пасош, оваа фотографија се скенира и се изведуваат клучните карактеристики на вашето лице, како растојанието помеѓу очите, растојанието од носот до брадата и на овој начин се создава „математичка карта“.

Така, на пример, носењето очила за сонце или широката насмевка ја намалуваат ефикасноста на алгоритмот и го попречуваат создавањето на картата. Кога ќе пристигнете на аеродромот, ве снима камера која го скенира вашето лице. Потоа компјутерот одлучува дали математичката карта направена на аеродромот се совпаѓа со онаа во вашиот пасош.

Знаејќи го сето ова, се чини дека сме претерале, но повторно, доколку на овој начин се спречат потенцијални инциденти, некако ќе ги преживееме камерите кои веројатно знаат повеќе за нас од нас.

Слични содржини