Европа: Денес одлука за безбедноста на вакцината „АстраЗенека“

од Берта Китинска

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска треба да објави проценка на безбедноста на употребата на вакцината АстраЗенека против ковид-19, бидејќи повеќе земји привремено ја прекинаа нејзината употреба од страв од несакани ефекти.

Комитетот за безбедност на ЕМА презеде детална проценка на малиот број случаи поврзани со појава на згрутчување на крвта кај оние кои примиле вакцина.

Комитетот задолжен за проценка на ризик ќе ги објави потребните препораки за понатамошно дејствување по денешниот состанок, пренесуваат агенциите.

Слични содржини