Европската комисија одмрзна 10,2 милијарди евра за Унгарија

од Radmila Tasevska

Европската комисија соопшти дека Унгарија ги презела неопходните чекори за владеење на правото за пристап до 10,2 милијарди евра од фондовите на ЕУ. Овие средства се дел од сумите претходно блокирани од комисијата поради недостатоци во унгарското законодавство.

Една од причините што првично беа стопирани средствата беше поврзана со независноста на судиите, а Будимпешта потоа ги презеде потребните чекори, се појаснува во соопштението на комисијата. Се додава дека ЕК ќе ја следи усогласеноста со европските барања и може во секое време да ја ревидира денешната одлука.

Комисијата забележува дека втората причина за стопирањето на средствата биле пропустите во областа на јавните набавки, работата на обвинителството, случаите на судир на интереси, борбата против корупцијата. Нема пријавен напредок по овие прашања и пристапот на Будимпешта до уште 6,3 милијарди евра останува замрзнат. Засега Унгарија нема да може да искористи вкупно 21 милијарда евра од ЕУ.

Слични содржини