Евровизија е откажана: Што ќе се случи со избраните песни?

Вчера ЕБУ објави дека Евровизијата која требаше да се одржи во Ротердам е откажана. Од организацијата изјавиле дека Евросонгот се откажува зошто е невозможно да се одржи толкаво натпреварување со условите во кои моментално се наоѓа Европа.

Едно од прашањата кои најмногу ги интересира фановите е што ќе се случи со песните кои земјите ги избрале за овогодинешниот Евросонг.

ЕБУ во своето официјално соопштение наведува дека одговор на тоа прашање немаат и дека одлуката ќе се донесе откако ќе се консултираат сите учесници.

Слични содржини