Евтин антидепресив може да ги ублажи потешките симптоми на Ковид-19

од Vladimir Zorba

СПОРЕД нова студија, генерички антидепресив со прифатлива цена може да ги ублажи потешките симптоми на инфекција со Ковид-19 кај високо-ризични лица.

За време на студијата спроведена на повеќе од 1.500 заразени пациенти во Бразил, истражувачите откриле дека оние кои земаат лек познат како флувоксамин имаат помали шанси да развијат потешки симптоми и да завршат во болница, пишува CNN.

Флувоксамин е селективен инхибитор на повторно земање на серотонин (SSRI) кој најчесто се користи за лекување на опсесивно-компулсивно нарушување и депресија, но може да има ефект и на воспалителните процеси, вели д-р Ангела Рајерсен од Универзитетот во Вашингтон.

„Флувоксаминот може да го намали производството на воспалителни цитокински молекули, кои можат да бидат предизвикани од инфекција со САРС-КоВ-2, и да го намали нивото на тромбоцити и да спречи згрутчување на крвта“, додаде Рајерсен.

Рејерсен и нејзините колеги им дадоа на 741 доброволци со Ковид-19 100 mg флувоксамин два пати на ден во тек на 10 дена, додека 756 други учесници добија плацебо.

Меѓу пациентите кои примале флувоксамин, околу 11% биле хоспитализирани, во споредба со речиси 16% од оние кои примале плацебо.

Се разбира, потребни се дополнителни истражувања за да се види дали овој лек може да се користи како третман за инфекција со коронавирус, но ветува дека е прифатлива.

„Десетдневен третман со флувоксамин чини околу 4 долари. Со оглед на безбедноста, подносливоста, леснотијата на користење, ниската цена и широко распространетата достапност на флувоксамин, овие наоди би можеле да влијаат на националните и меѓународните упатства за клинички третман на ковид-19“, напишаа истражувачите во својот труд.

Сродниот лек, Прозак (флуоксетин), е исто така евтин и уште подостапен, а научниците веруваат дека треба да се испита дали може да помогне и во ублажување на симптомите на инфекција со Ковид-19.

Студијата наречена „Effect of early treatment with fluvoxamine on risk of emergency care and hospitalisation among patients with COVID-19: the TOGETHER randomised, platform clinical trial“ беше објавена во The Lancet Global Health.

Слични содржини