Фајон: ЕУ мора да ги заштити своите надворешни граници ако сака да ја зачува Шенген зоната

од Vladimir Zorba

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон изјави дека Европската унија мора да ги заштити своите надворешни граници доколку сака да се зачува Шенген зоната.

Таа на заедничката конференција со нејзиниот австриски колега Александар Шаленберг укажа на зголемувањето на илегалните гранични премини долж западнобалканската рута и рече дека борбата против илегалната миграција и трговијата со луѓе е важна, пренесува СТА.

Шаленберг укажа и на важноста на соработката меѓу земјите и додаде дека единствениот успешен пристап за решавање на овој проблем е единството.

Слични содржини