Фајон за уставните измени: ЕУ проширувањето стана геостратешка итност, на С. Македонија и посакувам многу храброст

од Vladimir Zorba

Вицепремиерката и министерка за надворешни и европски прашања на Словенија, Тања Фајон денеска изјави дека уставните измени се клучни за Северна Македонија да оди напред на патот кон Европската унија и ги повика сите политички партии да ги поддржат.

– Ги повикувам сите одговорни партии во оваа држава да ги направат овие нужни чекори како што е промената на Уставот за да може овој процес на проширување и претпристапни преговори да може да продолжи. Тоа е одговорност кон државјаните, кон граѓаните и граѓанките и тоа е клучно за да може Северна Македонија да оди напред кон ЕУ. Денес проширувањето стана геостратешка итност и затоа уште еднаш и посакувам на Северна Македонија многу храброст, многу самодоверба, цврста работа, рече Фајон на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Слични содржини