Фановите го рекреираа изгледот на екстравагантниот актер, резултатите се урнебесни

Актерот и пејач Били Портер, кој на широката јавност и е познат по своите есктравагантни изгледа на холивудските настани, одлучил да ги поттикне луѓето во изолација да бидат креативни.

На Инстаграм ги предизвика да го рекреираат неговиот легендарен изглед на минатогодишната Мет Гала.

„Ок, време е за вистински моден предизвик. Користејќи работи кои ги имате дома, обидете се да го рекреирате мојот изглед од Мет галата 2019 година и објавете ги фотографиите или видеата на својот Инстаграм. Бидете креативни и забавувајте се! Вклучете го целото семејство! Означете ме и додајте го хаштагот #BillyPorterFashionShallenge. Ќе ги споделам своите фаворити“, напишал Портер и поткренал алвина урнебесни и импресивни „направи сам“ изданија.

Како што ветил, дел од нив ги сподели на своите кратки приказни, а најави дека ќе следат повеќе слични предизвици.

Слични содржини