Фановите шокирани од анорексичниот изглед на Кендал Џенер (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Изгледот на Кендал Џенер (24) на Модната недела во Милано шокираше многумина, бидејќи изгледаше премногу слабо и неуредно.

Кендал Џенер е една од најплатените модели на денешницата, сепак, таа целосно ја запрепасти јавноста со својот изглед на Модната недела во Милано.

Таа беше снимена како оди кон автомобилот по модната ревија, во тесен долг фустан, чизми и со заштитна маска на лицето.

Првото нешто што ги изненади сите беше нејзината фигура, бидејќи сè се гледаше во тесниот фустан, па дури и нејзините коски.

Ова ги натера нејзините обожаватели да се загрижат за здравјето на манекенката, па и рекоа дека изгледа „нездраво исцрпено“ и дека треба повеќе да се грижи за своето здравје.

Покрај преслабата фигура која шокираше многумина, Кендал воодушеви и со својата фризура; залепената и „зачешлана“ коса можеше да се види од авион и изгледаше повеќе мрсно, отколку модерно.

Кендал Џенер
Кендал Џенер

Слични содржини