Фасада падна врз бебе во центарот на Белград

од Nikola Popovski

Во центарот на Белград бебе е повредено откако врз него паднало дел од фасада на зграда, соопштија српските медиуми.

Дел од фасадата на зграда на улицата „Кнез Михаилова“ во Белград паднал врз петмесечно бебе. Повреденото бебе е пренесено во болница.

Детето е во добра здравствена состојба, велат од итната помош, пренесува РТС.

Според првите информации, како што пренесува Нова.рс, се работи за семејство од Русија. Фасадата го погодила и таткото на детето, како и неговиот седумгодишен син. Бебето е добро и во стабилна состојба, но е под опсервација.

Синот има гребнатинка на лицето. Засега не се знае како се урнал делот од фасадата.

Слични содржини