ФБИ: Севернокорејски хакери се одговорни за кражба на 100 милиони долари

од Radmila Tasevska

Две хакерски групи поврзани со Северна Кореја, Лазарус и АПТ38, биле одговорни за кражба на 100 милиони долари во јуни минатата година од американската крипто компанија Хармони, соопшти Федералното биро за истраги, како што објави Ројтерс.

На 13 јануари, овие хакерски групи користеле протокол за приватност наречен Railgun за да ја „исперат“ криптовалутата Ether вредна повеќе од 60 милиони долари, присвоена за време на кражбата во јуни и претворена во Bitcoin, се вели во соопштението на ФБИ.

ФБИ тврди дека Северна Кореја користи кражба и перење криптовалути за да ги поддржи своите програми за балистички ракети и оружје за масовно уништување.

Слични содржини