Фејсбук ја менува својата политика: Поостри против антиваксерите

од Nikola Popovski

Фејсбук повторно ги менува своите политики, а компанијата објави неколку мерки за борба против дезинформациите за вакцините, вклучително и отежнување за наоѓање на профилите кои ги обесхрабруваат луѓето да не се вакцинираат преку пребарувања на Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук.

Според Си-Ен-Ен, Фејсбук во понеделникот објави дека ги проширува своите напори да ги отстрани лажните тврдења на својата платформа и Инстаграм за коронавирусот, вакцините против Ковид-19 и за вакцините воопшто за време на пандемијата.

Компанијата исто така најави дека ќе започне да објавува линкови до локални здравствени веб-страници во својот „Информативен центар Ковид-19“, за да им помогне на корисниците да утврдат дали ги исполнуваат условите за примање на вакцината и како можат да го направат тоа.

Најавата на Фејсбук доаѓа еден ден откако „Си-Ен-Ен Бизнис“ објави дека Инстаграм продолжи да покажува видливи профили на „антиваксери“ во резултатите од пребарувањето, додека Фејсбук-групите што се против вакцините сè уште се лесно да се најдат.

Наодите предизвикаа загриженост кај американските експерти за јавно здравје, имајќи предвид дека САД се наоѓаат во најголемата имплементација на имунизацијата, како дел од мерките за сузбивање на пандемијата на коронавирусите, пренесува американската телевизиска мрежа.

Слични содржини