Фејзи Азири: 10 дена имаат рок да ме посетат Русковска и Јовевски, да им ги дадам доказите, ако не ќе ги објавам во јавност

По објавувањето на пресудата во случајот „Монструм“, коментирајќи ја пресудата за зсебе, обвинетиот Фејзи Азири посочи дека има докази за нарачателите и организаторите на петкратното убиство на Смилковско езеро.

Како што посочи во своето излагање, тој побара јавниот обвинител, Љубомир Јовевски, како и обвинителката за организиран криминал, Вилма Русковска, да го посетат во затворот со цел да им ги предаде доказните материјали за претходно изнесеното.

На крајот додаде и дека им дава рок од 10 дена пред истите докази да ги објави во јавноста. Во своето излагање тој посочи и дека е жртва на „Луи Витон“ куферот, кој вели ја диригира правдата во С.Македонија.

Слични содржини